logo
logo
logo

Орбан: „Торнадото“ на Трамп го смени светот- вчера за некои бевме минато, а сега сме иднина

Vecer | 08.02.2025

Орбан: „Торнадото“ на Трамп го смени светот- вчера за некои бевме минато, а сега сме иднина

„Торнадото Трамп го промени светот: сега сме „мејнстрим“. Вчера за некои бевме минато, лудило, сега сме иднината. Имаме многумина, силни и големи. Тимот е многу обединет“, рече тој.

Орбан истакна дека Унгарија сега е „лабораторија на конзервативна политика“ и дека неговата влада веќе 15 години се бори со илегалната миграција со цел да им пружи помош на унгарските семејства, пренесува порталот Хирадо.

„Резултатот е дека нема илегални мигранти. Наместо мигранти, ние ги поддржуваме унгарските семејства. „Ја забрануваме (транс)родовата пропаганда во училиштата: сите државни органи имаат должност да ја бранат христијанската култура, во Уставот вклучивме мајката е жена, таткото е маж“, рече тој.

Првиот самит „Патриоти за Европа“ се одржува во Мадрид под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“ - МЕГА, по моделот на слоганот МАГА (Make America Great Again) на американскиот претседател Доналд Трамп.

На самитот присуствуваат лидерите на единаесет партии, меѓу кои Марин Ле Пен од Националниот митинг на Франција, Матео Салвини од италијанската партија Лига и Герт Вилдерс, претседател на холандската Партија на слободата.

„Патриоти за Европа“ во моментов е третата најголема политичка групација во Европскиот парламент, со 86 од вкупно 720 европратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk