logo
logo
logo

Орбан: Средбата со Путин ја отвори вратата за големи бизниси

Vecer | 29.11.2025

Орбан: Средбата со Путин ја отвори вратата за големи бизниси

„Поради американските санкции, Русите се принудени да продадат голем дел од своите активи надвор од Русија. Постои голема меѓународна трка за тоа на кого да ги продадат. Можам да кажам дека отворивме врата за две или три големи зделки“, рече Орбан за време на говорот во градот Њиреѓихази, што беше емитуван на неговиот ЈуТјуб канал.

Унгарскиот премиер додаде дека натамошните чекори ќе зависат од унгарската енергетска компанија МОЛ и другите заинтересирани компании.

Претходно, рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека Кремљ разговарал за можноста Унгарија да купи акции во руските нафтени компании погодени од санкциите, но дека овие преговори „не треба да бидат изложени на медиумско внимание“, објавија руските медиуми.

Шефот на кабинет на унгарскиот премиер, Гергеј Гујаш, претходно изјави дека MOL преговара за зголемување на својот удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС), со цел да се ублажат последиците од американските санкции што влијаат врз работењето на таа компанија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk