logo
logo
logo

Орбан: Постои трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД

Vecer | 05.03.2025

Орбан: Постои трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД

Постои стратешка поделба, трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД за време на претседателот Доналд Трамп, објави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на платформата Икс објави дека „постои стратешка поделба, трансатлантски јаз меѓу поголемиот дел од Европа и САД за мандатот на претседателот Доналд Трамп“.

Тој истакна дека „едната страна инсистира на продолжување на војната во Украина, додека другата бара крај на конфликтот. Унгарија останува цврсто посветена на мирот, посочи Орбан.

Унгарскиот премиер пред неколку дена, по Самитот за Украина во Лондон, наведе дека европските лидери одлучиле дека сакаат да продолжат со војната наместо да се определат за мир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk