- Морам да бидам во Давос во четврток наутро, а вечерта во Брисел, каде што нè очекува напорен состанок, рече премиерот во видео на неговата страница на социјалните мрежи.
Се очекува Трамп да биде домаќин на церемонија на потпишување на основачкиот документ за неговиот Одбор за мир, на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот Давос.
Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, вчера изјави дека до 25 земји ја прифатиле поканата да се приклучат на Одборот за мир за Газа, за кој се предвидува дека, под претседателство на Трамп, ќе ги прошири своите надлежности на решавање конфликти и во други делови од светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата