logo
logo
logo

Орбан ќе бара од Трамп ослободување од американските санкции за руската нафта

Vecer | 31.10.2025

Орбан ќе бара од Трамп ослободување од американските санкции за руската нафта

Орбан рече дека ќе се обиде да му објасни на американскиот лидер дека на Унгарија ѝ се потребни овие ослободувања за да ја одржи својата енергетска безбедност.

„Унгарија е земја без излез на море, нема директна морска врска, па затоа е принудена да се потпира на нафтоводи и гасоводи“, потсети Орбан, додавајќи дека Американците треба да бидат свесни за овие предизвици.

„Мораме да го документираме ова ако сакаме да добиеме ослободувања од санкциите на САД воведени врз Русија“, рече Орбан во радио програмата Кошут кога беше прашан за неговата претстојна средба со Трамп во Белата куќа.

На 22 октомври, Министерството за финансии на САД ги вклучи руските нафтени компании Роснефт, Лукоил и нивните 34 подружници во нов пакет антируски санкции, кои целосно ќе стапат во сила на 21 ноември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk