logo
logo
logo

Орбан го поддржа Нетанјаху во отфрлањето на меѓународната потерница за него

Vecer | 03.04.2025

Орбан го поддржа Нетанјаху во отфрлањето на меѓународната потерница за него

- Овој суд е деградиран до алатка на политиката, рече Орбан во заедничката изјава за печат со Нетанјаху во Будимпешта. Тој додаде дека пристрасниот став на Судот е очигледен во неговите одлуки во однос на Израел.

Тој рече дека „Унгарија нема да учествува во тоа“ и потврди дека неговата земја се повлекува од Римскиот статут, основачкиот документ на МКС.

Нетанјаху му се заблагодари на Орбан за поддршката што Израел ја добива од Унгарија. Со најавеното повлекување на Унгарија од МКС, Орбан покажа „храбар и принципиелен став“, рече Нетанјаху.

МКС во ноември издаде меѓународна потерница за Нетанјаху за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.

Нетанјаху ги отфрла обвинувањата и тврди дека меѓународниот суд се обидува да го оспори правото на Израел на самоодбрана во неговата борба против терористичката милиција Хамас во Појасот Газа, потсетува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk