logo
logo
logo

Орбан: Европа моментално ја води „германска воена тројка“

Vecer | 20.01.2026

Орбан: Европа моментално ја води „германска воена тројка“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги критикуваше „воените подготовки на Брисел“ и рече дека Европа сега е „предводена од германската воена тројка“, мислејќи на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европската народна партија (ЕПП) Манфред Вебер, јавуваат унгарските медиуми.

Зборувајќи на настан на партијата Фидес во главниот град Будимпешта, Орбан вчера ги обвини германските лидери дека се „најголеми поттикнувачи на војна“, пренесува Индекс. ху.

- Европа сега ја води германска воена тројка: претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е Германка. Германскиот канцелар Фридрих Мерц, очигледно. И лидерот на најголемата фракција во Европскиот парламент, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, исто така е Германец, рече унгарскиот премиер Орбан.

Тој додаде дека Унгарците „изгубиле две војни“, осврнувајќи се на Првата и Втората светска војна.

- Едвај преживеавме, едвај издржавме, мислам дека не би можеле да издржиме по третпат. Не треба да ризикувам трета, рече Орбан. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk