logo
logo
logo

Орбан: Евентуалното членството на Украина во ЕУ ќе и наштети на Унгарија и ќе има последици

Vecer | 04.06.2025

Орбан: Евентуалното членството на Украина во ЕУ ќе и наштети на Унгарија и ќе има последици

Според него членството на Украина во ЕУ би наштетило на унгарските интереси и би имало последици за Европа.

- Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 години, не би бил мирен пред себе, пред своите деца и земјата ако не направам сè за да ги заштитам Унгарија и ЕУ од сонот на Брисел за пристапување на Украина, посочи Орбан.

Украина официјално аплицираше за членство во 2022 година, а пристапните преговори ги почна преговорите во јуни 2024 година. Лидерите на ЕУ ја одредија 2030 година како прелиминарен датум за потенцијалниот влез на Украина.

Унгарија како земја-членка на ЕУ има право на вето во секоја фаза од процесот.

Односите помеѓу Будимпешта и Киев се влошија минатиот месец кога Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека открила унгарска шпионска мрежа во западниот дел на Украина. Потоа Будимпешта објави дека ги прекинува разговорите со Украина за правата на националните малцинства, што Унгарија долго време го претставуваше како главна пречка во преговорите за пристапување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk