logo
logo
logo

Орбан: Брисел продолжува да го забранува увозот на руски енергeнси од 2027 година

Vecer | 11.11.2025

Орбан: Брисел продолжува да го забранува увозот на руски енергeнси од 2027 година

„Тие сакаат да ја продолжат војната и санкциите“, наведе Орбан во објава на Фејсбук, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер оцени дека „луѓето во Брисел презедоа брзи мерки“.

„Тие изјавија дека Унгарија е ослободена од американските санкции, но дека,сепак, ќе го забранат увозот на руски енергетски производи во Европа од 2027 година“, рече Орбан.

Тој додаде дека е јасно дека договорите на Унгарија со американскиот претседател Доналд Трамп за ослободување од американските санкции за увоз на руски енергетски производи „им користат на сите Унгарци“.

„Го заштитивме намалувањето на сметките за комунални услуги, не дозволивме цените на гасот да растат и отворивме нови перспективи за унгарската економија“, заклучи Орбан, кој го посети Вашингтон на крајот од минатата недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk