logo
logo
logo

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

Vecer | 05.04.2026

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

- Враќањето на оштетената енергетска инфраструктура до полн капацитет е скапо и трае долго, што влијае на целокупното снабдување, се вели во заедничка изјава по онлајн состанокот на Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман.

Тие, исто така, ја истакнуваат „критичната важност на заштитата на меѓународните поморски патишта за да се обезбеди непрекинат проток на енергија“ - алудирајќи на Ормуската Теснина, која Иран ја блокира како реакција на нападите на САД и Израел.

Овие земји членки на ОПЕК+ најавија дека ќе го зголемат производството на нафта во мај за 206.000 барели дневно.

Со оглед на блокадата на Ормуската Теснина, низ која минува околу 20% од глобалната трговија со нафта, овој потег е повеќе симболичен отколку практичен, бидејќи пазарот на нафта се соочува со проблем во снабдувањето, а не со недостиг на производство, семата Карстен Фрич, аналитичар во германската Комерцбанк.

- Голем дел од расположивата понуда на нафта моментално оди во Азија - во Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Азија моментално цица сè како правосмукалка, вели Фрич.

Според Меѓународната агенција за енергија, во март земјите во регионот на Персискиот Залив го намалија своето дневно производство на нафта за најмалку 10 милиони барели, или речиси 10% од глобалната побарувачка, наведувајќи го ограничениот капацитет за складирање на нафтата што не може да помине низ Ормуската Теснина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk