logo
logo
logo

ОПАСНОСТ во Црното Море - Турција ја зголеми контролата

Vecer | 24.10.2022

ОПАСНОСТ во Црното Море - Турција ја зголеми контролата

Турските вооружени сили ја зајакнаа контролата во Босфор поради пловечките мини во Црното Море.

„Според информациите добиени од извори на Министерството за национална одбрана, мерките кои се преземени против опасноста од мини во Црното Море се уште се во сила...и состојба на висока готовност“, пишува весникот „Милијет“, повикувајќи се на до извори во Министерството за одбрана на земјава.

Како што е наведено, во западниот дел на Црното Море, мините се следат од воздух со помош на поморски патролни авиони, хеликоптери и беспилотни летала, како и од морето со помош на деминери и патролни бродови во координација со командата на крајбрежната стража и други услуги.

Босфорот се следи и со помош на системи за електро-оптички надзор.

Специјалните сили на армиските подводни тимови се исто така на готовност за откривање мини, пишува весникот.

Весникот додава дека до сега се извршени вкупно 3.917 часа навигација и 1.131 час летови како дел од мониторингот на мините.

Набљудувањето на мините се врши во координација со центрите за воени и поморски операции на Романија и Бугарија.

Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) во март објави дека украинските војници, по почетокот на специјалната воена операција, поставиле околу 420 мини на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни.

Службата не ја исклучи можноста морските струи да носат мини во Босфорот и понатаму во морињата на медитеранскиот басен.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk