logo
logo
logo

ООН ја отфрли американската резолуција за Украина во која не се осудува Русија

Vecer | 24.02.2025

ООН ја отфрли американската резолуција за Украина во која не се осудува Русија

Меѓу земјите кои гласаа против резолуцијата беа и САД, додека Македонија остана воздржана. Претходно заменик-амбасадорката на САД Дороти Шеа кажа дека е потребно решение кое би обезбедило траен мир, додека рускиот амбасадор Василиј Бебензја порача дека изборот на резолуцијата на САД е практично решение со реалистички чекори.

Европските земји дадоа амандмани на резолуцијата на САД, која не ја доби подршката од Собранието. За изменетата американска рецолуција  93 земји меѓу кои и Украина гласаа за, 8 земји меѓу кои и Русија против, а 73 земји меѓу кои и самите САД беа воздржани. И во овој случај Македонија остана воздржана, иако претходно беше најавено дека ќе го подржи америчкиот „Пат до мирот“

Украинскиот предлог бара моментално повлекување на руските сили и повикува на  прекин на непријателствата и мирно решавање на судирот, додека америакнаката резолуција повикува на брз крај на конфликтот и траен мир помеѓу Украина и Руската Федерација, но без да биде спомената инвазијата на Русија врз Украина.

Инаку Резолуциите на Генералното Собрание не се правно обврзувачки, туку претставуваат мерило на светското јавно мислење...Денешните 93 гласа се помалку од петходните кога руската агресија ја осудуваа и над 140 земји...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk