logo
logo
logo

ОН соопштија дека повеќе нивни вработени се уапсени од бунтовниците Хути во Јемен

Vecer | 24.01.2025

ОН соопштија дека повеќе нивни вработени се уапсени од бунтовниците Хути во Јемен

Тие беа приведени во области под контрола на милицијата поддржана од Иран, соопшти канцеларијата на ОН во Јемен. За да се заштитат вработените, сите официјални движења во овие области се суспендирани до понатамошно известување, се вели во соопштението.

Инцидентот се случил вчера, пренесе ДПА. Првично не беа објавени дополнителни детали, вклучително и колку луѓе биле приведени.

Милицијата не го коментираше инцидентот. Хутите претходно во неколку наврати приведуваа вработени во Обединетите нации./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk