logo
logo
logo

ОН со строга осуда на репресиите во Иран на годишнината од смртта на Махса Амини

Vecer | 19.09.2023

ОН со строга осуда на репресиите во Иран на годишнината од смртта на Махса Амини

„Во изминатиот месец, властите приведоа десетици бранители на човековите права, што изгледаше како заеднички напори да ги прекинат протестите за одбележување на годишнината од минатогодишните демонстрации против смртта на Махса Амини“, се наведува во денешното соопштение на ОН, што го пренесува германската агенција.

Властите досега не успеаја да спроведат независна, непристрасна и транспарентна истрага за смртта на Амини, се додава во ставот на ОН.

Во саботата се одбележа првата годишнина од смртта на Амини.

Иранската полиција за морал ја приведе тогашната 22-годишна девојка бидејќи наводно не ја носела правилно шамијата. Што точно се случило потоа се уште е нејасно, но на крајот младата жена паднала во кома и починала во болница.

Илјадници луѓе се собраа на погребот на Амини, а потоа, почнувајќи од курдските региони, протестите се проширија низ целата земја, потсетува ДПА. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk