logo
logo
logo

ОН: Над 300.000 бегалци се вратиле во Сирија по падот на Асад

Vecer | 07.03.2025

ОН: Над 300.000 бегалци се вратиле во Сирија по падот на Асад

Селин Шмит од Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) наведе дека бројот на повратници по 8 декември надмина 300.000, објави Фигаро.

Според неа, освен тие 300.000 повратници, уште 900.000 луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови, но останале во Сирија, се вратиле во своите родни места, што значи дека од почетокот на декември во нивната област се вратиле вкупно 1,2 милиони лица, вклучувајќи бегалци и внатрешно раселени лица.

Турција, соседната земја која е домаќин на речиси три милиони сириски бегалци, исто така, објави дека повеќе од 133.000 Сиријци кои живееле во Турција се вратиле во нивната земја.

Според УНХЦР, во војната во Сирија, која започна во 2011 година, досега се убиени над 500.000 лица, а неколку милиони се раселени, што ја прави најголемата миграциска криза во светот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk