- Колективните напори според Парискиот договор направија разлика, но ние треба да одиме многу подалеку и побрзо заедно, изјави Флоренсија Сото Нињо за ДПА во Њујорк.
- Последните 10 години беа најжешките во историјата. Не треба да гледаме подалеку од Лос Анџелес за да ја видиме како се одвива оваа човечка, еколошка и економска катастрофа, рече таа. „Од клучно значење е САД да останат лидер по прашањата за животната средина“, додаде таа.
Белата куќа претходно најави повлекување од договорот како еден од приоритетите на претседателот Доналд Трамп додека полагаше заклетва.
Одлуката мора формално да се достави до ОН и да стапи во сила по една година. Трамп ги повлече САД во 2017 година за време на неговиот прв мандат. Неговиот наследник Џо Бајден повторно се приклучи./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата