logo
logo
logo

Огромна ајкула е забележана во близина на популарни плажи- турустите добиле итно предупредување

Vecer | 13.08.2025

Огромна ајкула е забележана во близина на популарни плажи- турустите добиле итно предупредување

Грабливецот, кој е долг помеѓу три и четири метри, беше забележан во понеделник во близина на плажите во близина на Портланд, најголемиот град во државата.

Дали ајкулата ги демне фоките?

Во последниве години, големите бели ајкули се гледаат почесто во водите на Мејн, а експертите велат дека можната причина е зголемувањето на популацијата на фоки, нивната главна храна.

Смртоносните напади од ајкули врз луѓето се исклучително ретки, велат експертите.

Првиот регистриран фатален напад се случил во Мејн во летото 2020 година, кога била убиена 63-годишната Џули ДиПерио Холовек од Њујорк.

Таа пливала во близина на островот Бејли, околу 24 километри североисточно од Портланд, кога ајкулата ја убила.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk