logo
logo
logo

Огнена топка на небото над Кливленд- експлодира метеор од седум тони (ВИДЕО)

Vecer | 18.03.2026

Огнена топка на небото над Кливленд- експлодира метеор од седум тони (ВИДЕО)

Жителите во неколку американски држави пријавија дека виделе светла огнена топка во 9 часот наутро, а Американското метеорско друштво соопшти дека добило извештаи од Висконсин до Мериленд, јавува Си-Би-Ес Њуз.

Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) подоцна потврди дека метеорот имал дијаметар од речиси 1,83 метри.

„Овој навистина изгледа како огнена топка, што значи дека е метеорит - мал астероид“, рече астрономот Карл Хергенротер.

Метеорот првпат бил виден на околу 80 километри над езерото Ири, во близина на Лорејн, и патувал повеќе од 55 километри низ горната атмосфера пред да се распадне над Вали Сити, северно од Медина, соопшти НАСА. Научниците ги следат метеорите преку мрежа од специјални камери кои помагаат во снимањето на ноќното небо, но сè повеќе луѓе ги снимаат со мобилни телефони и безбедносни камери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk