logo
logo
logo

Одржана средба на високи претставници на Украина со претставници на коалицијата на подготвените

Vecer | 17.04.2025

Одржана средба на високи претставници на Украина со претставници на коалицијата на подготвените

Тој напиша дека на состанокот во Елисејската палата во Париз, со учество на шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак и министерот за одбрана Рустем Умеров, се одржала средба со дипломатскиот советник на францускиот претседател Емануел Бон, советникот за национална безбедност на Обединетото Кралство Џонатан Пауел и советникот за национална безбедност на Германија, Јенс Плетнер.

„Разговаравме за начините за праведен и траен мир, вклучувајќи целосен прекин на огнот, мултинационален контингент и безбедносни гаранции за Украина“, рече Сибиха.

Умеров рече дека во текот на преговорите се разговарало за понатамошни чекори за постигнување праведен и одржлив мир.

Украинските и европските претставници се надеваат дека ќе ги убедат САД да заземат построг став кон Русија, особено по неодамнешниот напад врз цивили во Сума.

„Работиме на важни прашања за безбедноста на Украина и на цела Европа“, напиша Јермак на Икс.

Американските власти најавија дека покрај војната во Украина, ќе разговараат и за нуклеарни преговори со Иран. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk