logo
logo
logo

Одложено гласањето во Советот за безбедност на ОН за прекинот на огнот во Газа

Vecer | 08.12.2023

Одложено гласањето во Советот за безбедност на ОН за прекинот на огнот во Газа

Петнаесет-члениот совет требаше да гласа за краток нацрт на резолуцијата, но гласањето беше одложено на барање на Обединетите Арапски Емирати, кои го предложија текстот со поддршка на Арапските и Организацијата за исламска соработка, пренесоа британските медиуми.

За усвојување на резолуцијата потребни се најмалку девет гласа, без вето на петте постојани членки - Соединетите Американски Држави, Русија, Кина, Франција или Велика Британија.

САД најавија дека во овој момент не поддржуваат понатамошни активности на Советот за безбедност.

Советот треба да гласа во 17:30 часот по локално време (23:30 часот по средноевропско време), веднаш по средбата на Блинкен во Вашингтон со министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Палестинската управа и Турција.

Арапските држави повторно инсистираа на прекин на огнот откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата официјално го предупреди Советот за безбедност на ОН дека војната во Појасот Газа „може да ги влоши постоечките закани за меѓународниот мир и безбедност“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk