Како што објави Политико, пресудата ќе биде изречена на 26 ноември.
Потсетуваме дека Доналд Трамп претходно беше прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението. Нему му се закануваат четири години затвор, иако упатените предвидуваат дека има мали шанси да биде испратен зад решетки. Во негова корист оди и фактот што ова му е прв прекршок.
Трамп беше прогласен за виновен затоа што користел пари од кампањата за да ѝ плати пари на поранешна порно ѕвезда во замена за нејзиното молчење за нивната афера. Адвокатите на Трамп се обидоа да го однесат случајот пред федералниот суд.
Судијата Хуан Меркан веќе еднаш го одложи изрекувањето на пресудата, која првично требаше да биде изречена на 11 јули. Имено, тој го чекаше соопштението на Врховниот суд на САД, кој пресуди дека поранешните претседатели уживаат одреден имунитет за одлуките што ги донеле додека биле на функција.
BREAKING: A judge agreed Friday to postpone Donald Trump’s sentencing in his hush money case until after the November election https://t.co/Q1mfbZh5sh
— WBRZ News (@WBRZ) September 6, 2024
Со шест гласа „за“ и три „против“, највисокиот суд во САД одлучи дека поранешните претседатели имаат апсолутен имунитет од кривично гонење за дела сторени додека биле на функција, а немаат имунитет за оние што се сторени надвор од функцијата.
Трамп е првиот претседател на Соединетите Американски Држави кој е кривично гонет и првиот кој е осуден за кривично дело. Против Трамп има уште неколку правни постапки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата