logo
logo
logo

Одбиена жалбата за укинување на судскиот налог за апсење на Јун Сук-Јол

Vecer | 05.01.2025

Одбиена жалбата за укинување на судскиот налог за апсење на Јун Сук-Јол

Судот во Сеул денеска ја отфрли жалбата поднесена од суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол, со која се бара укинување на судските налози за негово апсење и претрес на претседателската резиденција, соопштија судски претставници.

Окружниот суд во Сеул ја донесе одлуката неколку дена откако тимот правни советници на претседателот Јун поднесе приговор за суспендирање на извршувањето на наредбата, која ја нарекоа „незаконска“, пренесува јужнокорејска новинска агенција.

Засега нема достапни детали за образложението на судот за тоа на основа на кои параметри е одбиено барањето на Јун, но истиот суд одобри налог за апсење на Јун поради испрашување во врска со неговата улога во неуспешниот обид за воведување вонредна состојба на 3 декември.

Истражители од службата за борба против корупцијата на високи претставници, кои го водат случајот со вонредната состојба и Јун Сук-Јол се обидоа завчера да ги спроведат судските наредби и да го уапсат суспендираниот претседател, но ги повлекоа своите службеници по тензичниот шестчасовно соочување со претседателската служба за безбедност, кој го блокираше влезот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk