logo
logo
logo

Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Vecer | 03.12.2025

Одбележан 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес во Влада присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски,  министерот  за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН.

-Заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади активно и Министерството за образование и наукa работиме на воспоставување семејно-ориентиран систем за рана интервенција во детството. Првите години од животот се клучни за развојот на секое дете. Здравствениот систем мора да ја препознае секоја рана потешкотија во развојот, затоа се обучуваат тимови во јавните здравствени установи во Скопје кои веќе обезбедуваат семејно-ориентирани услуги. Паралелно, Министерството работи на развивање универзален систем на скрининг за сите деца до шестгодишна возраст, со што секое дете ќе има пристап до рана процена, без разлика каде живее, истакна министерот Алиу.

Министерството за здравство, заедно со Министерството за социјална политика и со поддршка на Светска банка работи на отпочнување заеднички пилот-проект за воспоставување сеопфатен систем за проценка на лицата со попреченост, прв чекор кон создавање единствен регистар и унапредување на законската рамка за проценка и обезбедување на правото на надоместокот за помош и нега од друго лице.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk