logo
logo
logo

Од понеделник Каја Калас во прва посета на Западен Балкан

Vecer | 05.04.2025

Од понеделник Каја Калас во прва посета на Западен Балкан

Во Црна Гора, Калас ќе се сретне со претседателот Јаков Милатовиќ и премиерот Милојко Спајиќ, соопштија од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Најавена е средба со претставници на граѓански организации и учество на преглед на опремата финансирана од Европскиот мировен инструмент заедно со министерот за одбрана на Црна Гора Драган Краповиќ.

Калас во Албанија ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама со кои ќе одржи заедничка прес-конференција.

Високата претставничка Калас ќе се сретне и со министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани и министерот за одбрана Пиро Венгу, со кои официјално ќе го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија.

Таа ќе присуствува и на потпишувањето на договорот за грантови и заеми од Европската инвестициска банка за развој на пругата Драч-Рогожина.

Калас ќе им се обрати и на студентите и на претставниците на граѓанското општество во Албанија.

Во Босна и Херцеговина,  ќе ги посети припадниците на ЕУФОР Алтеа и ќе се сретне со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со претседателката на Советот на министри Борјана Кришто и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk