logo
logo
logo

Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади

Vecer | 16.01.2025

Од недела прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа продолжија израелските напади

 Веста за прекинот на огнот илјадници Палестинци ја дочекаа со прослави до доцна во ноќта.

-Ја чекавме оваа среќа година и пол. Никој не може да го знае чувството кое го имаме сега. Не може да се опише тоа чувство. 

-Сакаме да спиеме мирно, да се одмориме во мир. Не можевме да јадеме, пиеме и спиеме мирно година и три месеци.  

И додека во Газа се прославуваше, израелците со воздржаност ја дочекаа информацијата. Роднините на заложниците со измешани чувства ја поздравија можноста за ослободување нивните блиски.

-Станува збор само за дел од нив, не за сите (заложници) и за нас тоа е само почеток, ги сакаме сите тука.

-Ќе бидам среќна и ќе верувам само кога ќе видам како заложниците ја преминуваат границата. -– Граѓани на Израел.

Договорот кој има три фази, би требало да стапи во сила на 19 јануари, в недела, ден пред инаугурацијата на Трамп, а со него се превидува постепено ослободување на заложниците и повлекување на израелската војска од Газа, а бил постигнат со помош на претставници и на актуелниот, Бајден, и на идниот американски претседател.

-Тие кои ги следеја преговорите можат да посведочат дека патот кон овој договор не беше лесен. Работам во надворешната политика со децении, ова беа едни од најтешките преговори кои сум ги доживеал. Дојдовме до оваа точка поради притисокот кој Израел го направи врз Хамас, поддржан од САД. / Кој треба да ја преземе заслугата за ова Претседателе, вие или Трамп? / Дали е тоа шега? - Џо Бајден – Претседател на САД.

Договорот сепак, официјално треба да биде потврден и од владата во Израел, но неизвесно е кога тоа ќе се случи, со оглед дека Нетанјаху вели дека се уште се работи на деталите.Претседателот Херцог пак веднаш јавно ги повика членовите на владата да гласаат за договорот.

-Ги повикувам сите членови на кабинетот и на владата на Израел да го прифатат и одобрат договорот кој што ќе им биде презентиран и да ги вратат нашите синови и ќерки дома,- Исак Херцог – Претседател на Израел .

Првата фаза од договорот предвидува прекин на огнот кој треба да трае шест недели и ослободување на 33 заложници во замена за стотици палестински затвореници од Израел. Дополнително, израелските сили би се повлекле од населените делови на Газа. Втората фаза, предвидува ослободување на преостанатите заложници и целосно напуштање на израелската војска од Појасот и воспоставување на одржлив мир. Третата фаза пак, се однесува на реконструкција на Газа од воените дејствија. И додека се уште се работи на деталите од договорот, Израел ги засили нападите врз Газа. Палестинските власти пријавија седумдесетина загинати по последните напади врз Појасот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk