logo
logo
logo

Од Хамас му напишаа писмо на Трамп, бараат 60- дневен прекин на огнот

Vecer | 22.09.2025

Од Хамас му напишаа писмо на Трамп, бараат 60- дневен  прекин на огнот

Хамас му напиша писмо на американскиот претседател Доналд Трамп во кое бара гаранции за 60-дневен мир во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците што групата сè уште ги држи, објави денес „Фокс њуз“, повикувајќи се на неименуван функционер од администрацијата на Трамп.

Писмото наводно моментално се наоѓа во Катар и ќе му биде доставено на Трамп подоцна оваа недела.

Повикувајќи се на неименувани извори, израелскиот „Канал 12“ објави дека претставници на Хамас не го потпишале писмото, но ќе го сторат тоа во наредните денови.

Катар го прекина посредувањето меѓу Хамас и Израел откако израелската војска ја гранатираше Доха претходно овој месец.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk