logo
logo
logo

Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

Vecer | 10.02.2025

Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп

Главните обвинители на 22 американски држави, управувани од гувернери демократи, поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради кратењето на финансирањето за универзитети, медицински центри и други истражувачки институции.

Трамп го објави ова кратење во петокот, што предизвика силни реакции во научната заедница.

Тужбата е поднесена пред федералниот суд во Бостон, каде што државите аргументираат дека одлуката на администрацијата претставува закана за научните истражувања и иновации во САД.  /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk