logo
logo
logo

Обвинител бара смртна казна за соборената премиерка на Бангладеш поради злосторства против човештвото

Vecer | 16.10.2025

Обвинител бара смртна казна за соборената премиерка на Бангладеш поради злосторства против човештвото

Обвинител на специјален трибунал во Бангладеш, Таџул Ислам побара смртна казна за соборената премиерка Шеик Хасина Вазед, кој е обвинета за злосторства против човештвото извршени за време на масовните немири минатата година, што ја принудија да ја напушти земјата.

За време на протестите во јули и во август минатата година убиени се стотици луѓе, меѓу кои и студенти, припадници на безбедносните сили и политички активисти.

Главниот обвинител во Меѓународниот суд за воени злосторства во Дака, Ислам, исто така, побара смртна казна за поранешниот министер за внатрешни работи Асадузаман Кан поради сериозноста на неговите злосторства.

Хасина е во егзил во Индија откако избега од земјата на 5 август минатата година. Се претпоставува дека и Кан е во Индија.

Добитникот на Нобелова награда за мир, Мухамед Јунус, кој раководи со привремена влада на Бангладеш, вети дека Хасина и ќе биде казнета, а нејзината партија Народна лига ќе биде забранета.

Судот во Бангладеш минатата недела издаде налози за апсење на околу 20 армиски офицери осомничени за вмешаност во киднапирањето и присилното исчезнување на многу членови на опозицијата за време на владеењето на поранешната премиерка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk