logo
logo
logo

Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари

Vecer | 11.02.2025

Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари

„Краткорочните, среднорочните и долгосрочните потреби за опоравување и реконструкција во Појасот Газа се проценети на 53,142 милијарди долари. Од тоа, краткорочните финансиски потреби за првите три години се проценети на околу 20,568 милијарди долари“, напиша генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во извештајот испратен до Генералното собрание на ОН.

Во резолуцијата усвоена во декември, која повика на итен и безусловен прекин на огнот во Појасот Газа, Генералното собрание на ОН побара од Гутереш да достави проценка на краткорочните, среднорочните и долгосрочните потреби на Газата во рок од два месеца.

„Иако во актуелниот контекст не беше можно целосно да се процени целиот спектар на потреби што ќе бидат неопходни во Појасот Газа, брзата привремена проценка дава почетна индикација за значителните потреби за опоравување и реконструкција на таа територија“, се вели во извештајот.

Поради тоа што „повеќе од 60 отсто од куќите“ се уништени од октомври 2023 година, за станбениот сектор ќе биде потребно околу 30 проценти од потребите за реконструкција, или 15,2 милијарди долари, се наведува во извештајот.

Следат трговијата и индустријата (6,9 милијарди), здравството (6,9 милијарди), земјоделството (4,2 милијарди), социјалната заштита (4,2 милијарди), сообраќајот (2,9 милијарди), водоснабдување и канализација (2,7 милијарди) и образованието (2,6 милијарди).

Извештајот исто така посочува посебно високи трошоци за секторот заштита на животната средина (1,9 милијарди долари), „поради големата количина на урнатини кои содржат неексплодирани убојни средства и високите трошоци поврзани со отстранувањето на отпадот“.

ОН проценуваат дека конфликтот создал „повеќе од 50 милиони тони отпад, под кои се наоѓаат човечки остатоци заедно со неексплодирани направи, азбест и други опасни материјали“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk