logo
logo
logo

Новозеландскиот Парламент суспендира тројца пратеници кои играа маорски танц (ВИДЕО)

Vecer | 05.06.2025

Новозеландскиот Парламент суспендира тројца пратеници кои играа маорски танц (ВИДЕО)

Тројца пратеници од новозеландската „Партија на Маорите“ беа суспендирани од парламентот поради изведбата на традиционалниот маорски танц - хака, со кој протестираа против предлог-закон за промена на Договорот од Ваитанги, основоположнички документ меѓу британската круна и маорските водачи.

Пратениците Деби Нгареуа-Пакер и Рауири Ваитити добија 21-дневна забрана, додека 22-годишната Хана-Рауити Маипи-Кларк, најмладиот пратеник во земјата, е суспендирана на седум дена. За време на суспензијата, тројцата нема да добиваат плата. Ова е најдолгата забрана за учество во парламентарните активности досега, надминувајќи ја претходната од три дена.

„Парламентот испрати порака до нашите идни генерации дека нивниот маорски идентитет е закана за демократијата“, објави „Партијата на Маорите“ на платформата Икс, нагласувајќи дека хака не е презир, туку чин на интегритет во одбрана на Договорот од Ваитанги. Партијата ги повика маорските гласачи да ја искористат оваа ситуација за да ја ограничат актуелната влада на еден мандат.

Изведбата на хака во парламентот привлече глобално внимание, собирајќи стотици милиони прегледи на социјалните мрежи. Хака, со карактеристични треперења на рацете и гестови, потекнува од маорската митологија и се изведува на значајни настани како спортски натпревари, погреби, свадби и церемонии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk