logo
logo
logo

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Vecer | 20.05.2025

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Според процедурата, по објавувањето на конечните резултати од вториот круг од претседателските избори од страна на Постојаниот изборен орган, резултатите од изборите ги потврдува Уставниот суд. 

„Доколку не се случи ништо вонредно, ќе има седница на Уставниот суд в четврток напладне, на која ќе бидат потврдени резултатите од изборите и јас ќе положам заклетва пред Парламентот, најверојатно во понеделник напладне“, изјави Никушор Дан на телевизијата Б1. 

Со оглед на тоа што во моментов функционира привремена влада, се очекува тој да ги свика парламентарните партии на консултации и да назначи нов премиер. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk