logo
logo
logo

Новоизбран претседател на Малдиви: Ќе ја отстранам индиската армија од земјата

Vecer | 03.10.2023

Новоизбран претседател на Малдиви: Ќе ја отстранам индиската армија од земјата

Најавата е сериозен удар за Индија во геополитичкото ривалство со Кина во Индискиот Океан.

Изборите одржани во саботата се претворија во своевиден референдум за тоа која регионална сила ќе има најголемо влијание во таа земја.

Основата на кампањата на Муиз беше спротивставување на наводната закана од Индија за суверенитетот на Малдивите, дел од повеќегодишната стратегија на неговата партија.

Актуелниот претседател Ибрахим Солих тврди дека присуството на индиската војска на Малдивите е определено со договор меѓу двете влади за изградба на бродоградилиште и дека нема да биде нарушен суверенитетот на земјата.

Малдивите имаат 1.200 корални острови, лоцирани во Индискиот Океан и се наоѓаат покрај главниот воден пат помеѓу Истокот и Западот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk