logo
logo
logo

Новиот директор на париската полиција го одби барањето на Лувр во музејот да се отвори полициска станица

Vecer | 29.10.2025

Новиот директор на париската полиција го одби барањето на Лувр во музејот да се отвори полициска станица

Отворање на полициска станица во музејот побара претседателката на Лувр, Лоранс де Карс, по неодамнешната кражб на накит.

- Доколку тоа го правевме тоа за Лувр, сите ќе бараа полициска станица, наведе Форе, додавајќи дека сака да ги фокусира напорите на зајакнување на безбедноста околу музејот, а не во него.

Неговиот став е во согласност со одлуката на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез, кој во неделата отфрли слично барање од раководството на музејот.

Форе посочи дека од почетокот на годината, полицијата интервенирала 1.080 пати во областа околу Лувр и дека музејот има 1.300 камери, иако „сите не се дигитални“.

На 19 октомври беше ограбен Лувр, при што крадците зедоа осум парчиња накит во вредност од 88 милиони евра.

Истрагата за кражбата продолжува, а притворот на двајцата осомничени треба наскоро да биде завршен. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk