logo
logo
logo

Нови обвинувања против „холивудскиот предатор“- уште повеќе жени сакаат да сведочат

Vecer | 12.09.2024

Нови обвинувања против „холивудскиот предатор“- уште повеќе жени сакаат да сведочат

Поротата на Менхетен претходно го прогласи Харви Вајнштајн (72) за виновен за обвиненија за силување во 2020 година, но Апелацискиот суд во Њујорк ја отфрли пресудата во април, заклучувајќи дека тој немал фер судење.

Потоа, во јули, обвинителите во њујоршкиот суд рекоа дека истражуваат дополнителни наводни насилни сексуални напади од страна на Вајнштајн, откако повеќе жени се согласија да сведочат против него.

Вајнштајн негирал дека некогаш имал неконсензуален секс со некого.

Тој имал итна операција на срцето претходно оваа недела, откако доживеа болки во градите во затворот во Њујорк и требаше да се појави на суд подоцна оваа недела, каде обвинителите ќе ги презентираат доказите во тековната истрага против него пред големата порота во Њујорк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk