logo
logo
logo

Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“

Vecer | 19.06.2025

Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“

Организаторите на масовните протести против Доналд Трамп под слоганот „Без кралеви“ најавија нов протест наречен „Good Trouble Lives On“, што ќе се одржи на 17 јули - петтата годишнина од смртта на американскиот конгресмен и активист за човекови права Џон Луис.

Последниот бран протести се одржа на 14 јуни, симболично на 79-от роденден на Трамп и 250-годишнината од американската војска, а според Американската унија за граѓански слободи (ACLU), учествувале повеќе од пет милиони луѓе во над 2.100 градови низ САД.

Организаторите тврдат дека ова е еден од најголемите протести во американската историја.

И покрај масовната излезност, Белата куќа ги опиша протестите како „целосен неуспех“.

„Good Trouble Lives On“, именувано по познатата изрека на покојниот конгресмен Луис, повторно ќе се собере на 17 јули, а досега се најавени повеќе од 60 протести низ целата земја, велат организаторите.

Пораката на новиот протест е јасна: одговор на она што тие го нарекуваат напади врз граѓанските и човековите права и пораката дека „во Америка, моќта му припаѓа на народот“.

Организаторите, вклучувајќи ги ACLU, Коалицијата за трансформативна правда и Indivisible, ги повикуваат граѓаните да се приклучат и „да продолжат да создаваат добра врева“ во одбрана на демократијата.

Во меѓувреме, американскиот сенатор Берни Сандерс го најави продолжувањето на неговата „Турнеја против олигархијата“ (The Fighting Oligarchy Tour). 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk