logo
logo
logo

Нови американски царини за шест земји: Кои ќе бидат погодени?

Vecer | 09.07.2025

Нови американски царини за шест земји: Кои ќе бидат погодени?

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати нова група писма до шест држави, информирајќи ги дека ќе бидат воведени дополнителни царини за увоз на нивните производи во САД.

Писмата биле адресирани до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини. За производите од Алжир, Либија и Ирак ќе бидат воведени царини од околу 30 проценти, додека за Молдавија и Брунеи тарифите ќе бидат 25 проценти, а за увозот од Филипини 20 проценти.

Оваа мерка претставува продолжение на стратегијата на Трамп, кој веќе започна да испраќа вакви известувања до земјите кои имаат трговски суфицит со САД. Новите, повисоки царини ќе почнат да важат од 1 август, што ќе означи нова, поостра фаза во трговските тензии помеѓу САД и дел од останатиот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk