logo
logo
logo

Новата шефица на МИ6 со семејна историја во сенка на минатото

Vecer | 28.06.2025

Новата шефица на МИ6 со семејна историја во сенка на минатото

Блез Метруели е првата жена што застана на чело на британската тајна разузнавачка служба МИ6. Неодамна, историски документи во Германија открија дека нејзиниот дедо Константин Доброволски бил шпион ангажиран од нацистичкиот режим, познат и под прекарот „месарот“.

Доброволски, роден во 1906 година, бил Украинец кој пребегнал од Црвената Армија и нацистите го користеле како информатор во регионот Чернигов. Во архивите од Фрајбург е заведуван како „Агент 30“.

Поради револуционерните случувања во својата младост, неговото семејство ги изгубило сите имоти што дополнително го мотивирало да се приклучи кон нацистите во 1941 година. За својата шпионска работа, добивал месечен надомест од 81 рајхсмарка.

Делови од писмата што ги испраќал до нацистичките команданти содржат поздрави „Хајл Хитлер“ и признанија за вмешаност во масакри на Евреи во близина на Киев. Освен тоа, се споменуваат извештаи за грабежи при масакрите, како и извршување и потсмевање со сексуално малтретирање врз затвореници.

Советските власти го прогласиле Доброволски за „најголем непријател на украинскиот народ“, нудејќи награда од 50.000 рубљи за неговото апсење.

По окончувањето на Втората светска војна, Барбара, неговата сопруга, и синот Константин се преселиле во Велика Британија, каде што Барбара повторно се омажила, а нејзиниот син го презел презимето на својот втор татко.

Блез Метруели никогаш не го запознала својот дедо, бидејќи тој останал во окупираната Украина, а нејзината фамилија се засолнила во Британија по 1943 година.

Блез Метруели започнала кариера во МИ6 во 1999 година, веднаш по завршувањето студии на Кембриџ. Мирната професионална кариера најмногу ја градела во оперативни мисии на Блискиот Исток и Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk