„Министрите за надворешни работи на ЕУ штотуку презедоа решителен чекор со тоа што ја означија ИРГЦ како терористичка организација. Секој режим што убива илјадници свои луѓе работи кон сопствен пад“, напиша Калас на својот профил X.
Порано денес, министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нови санкции кон Иран, насочени кон поединци и субјекти вклучени во насилното задушување на демонстрациите и поддршка на Русија.
Со воведување санкции врз ИРГЦ, ЕУ ја стави Гардата на истата листа како и терористичката организација Ал Каеда.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата