Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри, објави Ројтерс.
Авганистан е погоден од серија слични земјотреси во последните денови, при што загинаа најмалку 2.200 луѓе, а најмалку 3.640 се повредени.
Обединетите нации предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи луѓето остануваат заробени под урнатините додека времето за преживеаните истекува.
Теренот на Авганистан е склонен кон смртоносни земјотреси, особено во планинскиот венец Хиндукуш, каде што се среќаваат индиската и евроазиската тектонска плоча.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата