logo
logo
logo

Нов ракетен напад на Иран: Ерусалим и Тел Авив под оган

Vecer | 14.06.2025

Нов ракетен напад на Иран: Ерусалим и Тел Авив под оган

Сирени и силни експлозии, најверојатно предизвикани од активирањето на израелската противвоздушна одбрана, пред малку го потресоа небото над Ерусалим, а иранските медиуми објавија дека е започнат нов ракетен напад од Иран врз израелска територија.

Иранскиот портал „Нур њуз“, близок до паравоената Револуционерна гарда, објави дека започнал нов бран ракетни напади. 

„Израелските одбранбени сили детектираа лансирање на ракети од територијата на Иран кон Израел. Активирани се системите за противвоздушна одбрана,“ соопшти и израелската армија. Граѓаните беа повикани повторно да се засолнат во засолништа и да останат таму до следна наредба.

Според дописници на светски агенции, експлозии се слушнале и во Тел Авив. Израелските медиуми јавуваат дека ракета паднала во градот, а претходно беше пријавена силна експлозија во Ерусалим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk