logo
logo
logo

НОВ ПАПА Е РОБЕРТ ПРЕВОСТ ОД САД - Го зел името Лео XIV

Vecer | 08.05.2025

НОВ ПАПА Е РОБЕРТ ПРЕВОСТ ОД САД - Го зел името Лео XIV

Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од САД, претежно во Перу, каде што бил пастор, професор, просветен работник и епископ. Ова го прави еден од ретките американски кардинали со длабоко искуство во Латинска Америка.

Тој е префект на Дикастеријата за епископи, што е една од највлијателните позиции во Ватикан. Според аналитичарите, Прево е умерен, способен за дијалог и поврзување на различни струи во Црквата. Неговиот стил и приоритети се блиски до реформскиот дух на папата Франциск, поради што ужива поддршка од некои кардинали кои сакаат континуитет.

„Гардијан“ пишува дека Превост е „ѕвезда во подем“ и го цитира католичкиот весник „Крукс“ кој вели дека Превост е „познат по својата силна проценка и остри вештини за слушање“. „Гардијан“ пишува дека Превост го засени фаворитот Паролин.

Тој се соочи со критики за неговото справување со случаи на сексуална злоупотреба додека служеше во Перу и претходно во САД. Иако неговите застапници истакнуваат дека тој дејствувал според црковните правила, некои критичари веруваат дека не реагирал доволно транспарентно и решително.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk