logo
logo
logo

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

Vecer | 11.10.2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

Вчера наградата беше доделена на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо. Ниту еден експерт или медиум не ја спомнуваа меѓу фаворитите за престижното признание.

Но во ноќта меѓу четврток и петок, неколку часа пред објавувањето на името на добитничката, шансите за Мачадо скокнаа за 3,75 проценти на речиси 73 проценти на платформата за прогнози „Полимаркет“.

Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Јорген Ватне Фриднес за агенцијата НТБ изјави дека „не мисли оти некогаш во целата историја на наградата имало протекување на имиња на добитници“.

- Не можам да си замислам дека сега се случило нешто слично, додаде тој.

Кристијан Берг Харпвикен, директорот на Норвешкиот Нобелов институт, изјави дека, за секој случај, ќе се направи проверка дали имало протекување на информации.

Ограничен број луѓе однапред го знаат името на добитникот на Нобеловата награда за мир, која ја доделува петчлениот Норвешки Нобелов комитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk