logo
logo
logo

Нилсен: Вашингтон и натаму суштински планира да воспостави контрола врз Гренланд

Vecer | 02.02.2026

Нилсен: Вашингтон и натаму суштински планира да воспостави контрола врз Гренланд

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во обраќање пред данскиот Парламент предупреди дека официјален Вашингтон и натаму суштински планира да воспостави контрола врз Гренланд иако американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за употреба на воена сила.

„Ставот на Трамп за Гренланд и неговите жители не се променил - Гренланд мора да биде поврзан со САД, а управувањето со Гренланд мора да биде во надлежност на САД“, предупреди Нилсен пред данскиот Парламент, посочувајќи дека САД продолжуваат да бараат „начин да стекнат сопствеништво и контрола врз Гренланд“.

На почетокот на годината, претседателот Трамп го засили притисокот и реториката за американската контрола врз Гренланд. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk