logo
logo
logo

Невработеноста во САД стагнира, Белата куќа за ова ја обвини претходната администрација

Vecer | 07.02.2025

Невработеноста во САД стагнира,  Белата куќа за ова ја обвини претходната администрација

 Ова е помалку од 170.000 нови работни места прогнозирани од економистите, јави „Волстрит журнал“.

Стапката на невработеност во САД се намали до 4 отсто, слично како и прогнозирните 4,1 отсто, така што резултат стагнира и нема подобрување. Бројката покажува дека американската економија  расте но со  многу слабо темпо, коментира весникот.

Белата куќа денеска излезе со соопштение обвинувајќи ја за ова претходната администрација на Џо Бајден.

-Денешниот извештај за вработеноста покажува дека економијата под (водство на поранешниот претседател) Бајден беше далеку полоша од очекуваното и ја нагласува потребата од про-економските политики на претседателот Трамп“, изјави портпаролката Керолајн Левит.

Главните берзански индекси реагираа воздржано на овие резултати.

Бројот на нови работни места во декември изнесувал 307.000, се дознава од ревидираните податоци посочени во извештајот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk