logo
logo
logo

Нетанјаху замина за САД како прв лидер на странска држава кој ќе има средба со Трамп

Vecer | 02.02.2025

Нетанјаху замина за САД како прв лидер на странска држава кој ќе има средба со Трамп

Неговата посета доаѓа во време кога се одржува кревко примирје меѓу Израел и Хамас во Газа и меѓу Израел и Хезболах во Либан. И двете милитантни групи се поддржани од Иран.

Пред да се качи на неговиот лет, Нетанјаху рече дека со Трамп ќе разговараат за „победата над Хамас, за ослободување на сите наши заложници и за справување со иранската оска на тероризмот“.

За време на неговиот прв мандат, Трамп изјави дека Израел „никогаш немал подобар пријател во Белата куќа“. 

„Мислам дека тоа (посетата) е сведоштво за силата на израелско-американскиот сојуз“, рече тој.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, претходникот на Трамп, Џо Бајден ја задржа воената и дипломатска поддршка за Израел. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk