logo
logo
logo

Нетанјаху се заканува со одложување на примирјето во Газа: Бараме попис на заложниците

Vecer | 18.01.2025

Нетанјаху се заканува со одложување на примирјето во Газа: Бараме попис на заложниците

„Нема да продолжиме со договорот додека не добиеме список на заложници кои ќе бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира никакво прекршување на договорот. Единствената одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху, пренесе Франс 24.

Израелската влада го одобри договорот со палестинската милитантна група Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, еден ден пред да стапи на сила договорот.

Во раните утрински часови, по седницата која траеше повеќе од шест часа, владата го ратификуваше договорот што може да го отвори патот за крај на 15-месечната војна во палестинската енклава под контрола на Хамас.

Египет, еден од посредниците за постигнување прекин на огнот, денеска објави дека Израел во првата фаза ќе ослободи 1.890 палестински затвореници во замена за 33 израелски заложници кои ги држеше Хамас.

Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила утре, кога ќе се одржи првата од серијата размени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk