Уште на доаѓањето пред говорницата, голем дел од присутните ја напуштија салата во знак на негодување на неговите политики во Газа, а дел со бурни овации го поздравија неговиот говор..
Тој ја нарече срамна одлуката земјите како Британија, Франција и Австралија, кои деновиве ја признаа Палестина и ги обвини дека попуштиле под притисок на активистите и организациите кои го обвинуваат Израел за воени злосторства.. Нетанјаху не го спомена Западниот Брег, по повиците на дел од десничарите во неговиот кабинет да биде анектиран..
Откри дека неговиот говор во живо се пренесува на телефоните на жителите во Газа, но и на припадниците на Хамас, на кои им упати остра порака дека ќе ги гони до крај додека не бидат уништени, а заложниците во Газа ослободени..
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата