logo
logo
logo

Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа

Vecer | 06.08.2025

Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа

-Треба целосно да го поразиме непријателот во Газа, да ги ослободиме сите наши заложници и да се осигураме дека Газа повеќе не претставува закана за Израел. Нема да се откажеме од ниту една од овие задачи, рече Нетанјаху за време на посетата на воена база.

Вчера попладне, според неговата канцеларија, тој одржал „ограничена дискусија за безбедноста“ што траела речиси три часа. За време на состанокот, „командантот на армијата му ги презентирал опциите за продолжување на операциите во Газа“, се вели во соопштението.

Вчера, неколку министри „потврдија дека Нетанјаху одлучил да ги прошири борбите во областите каде што се држат заложниците, објави израелскиот весник Кан.

Весникот Маарив забележа дека „оваа драматична одлука“ значи дека армијата ќе „започне борба во области“ каде што се воздржала од борба во последните месеци - каде што можеби се држат заложниците, како и во кампови со раселени жители и области со голема концентрација на цивили.

Во меѓувреме, уште 68 Палестинци беа убиени во израелските напади вчера, вклучувајќи 56 кои чекале дистрибуција на храна во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и во Зиким во северниот дел на енклавата.

Армијата соопшти дека испукала „предупредувачки истрели“ во јужна Газа и дека ги проверува извештаите за пукањето во Зиким. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk