logo
logo
logo

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Vecer | 19.05.2025

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

- Борбите се интензивираат и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија на Појасот. Не се повлекуваме, но за да успееме, мора да дејствуваме на таков начин што нема да бидеме запрени, истакна Нетанјаху во видеопорака објавена на Телеграм.

Тој посочи и дека Израел мора да спречи глад во Појасот Газа „од дипломатски причини“, откако беше објавено дека ќе биде дозволена дистрибуција на ограничена хуманитарна помош за палестинската енклава.

- Не смееме да дозволиме населението да гладува, ниту од практични ниту од дипломатски причини, наведе Нетанјаху.

Израел на 2 март ја блокира дистрибуцијата на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Во меѓувреме, израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на жителите од вториот по големина град во Појасот Газа – Кан Јунис и околните населени места.

Претходно, Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека во денешните израелски воздушни напади во Кан Јунис, посебно околу болницата Насер, загинаа 22 луѓе. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk