logo
logo
logo

Нетанјаху: Израел ги поддржува „решителните“ акции на САД во Венецуела

Vecer | 04.01.2026

Нетанјаху: Израел ги поддржува „решителните“ акции на САД во Венецуела

Со американска воена операција вчера од власт беше соборен венецуелскиот претседател Николас Мадуро. По неговото приведување, САД имаат намера привремено да го преземат управувањето со јужноамериканската земја, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

- Во Латинска Америка неколку држави се враќаат во американската сфера на влијание и ги обновуваат врските со државата Израел. Го поздравуваме тоа, го поздравуваме претседателот Трамп и, исто така, ги поздравуваме американските вооружени сили кои спроведоа совршена операција, изјави Нетанјаху.

Од друга страна, Нетанјаху изјави дека Израел е солидарен со борбата на иранскиот народ, по повод протестите во Иран поради влошувањето на економската состојба, пренесе БТА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk